Се уште трае потрагата по третиот Македонец на Халкидики

0

Се уште трае потрагата по третиот Македонец кого го одвлекоа струите на Егејското Море кај Посиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.

Двајца од тројцата другари, 25-годишниот Васил Брезовски и 30-годишниот Иван се спасени и се надвор од животна опасност.

Немилиот настан се случи во саботата кога попладнето тројцата другари го прославувале роденденот на Иван, по што решиле да влезат во морето. За многу кратко, според изјавата на Брезовски за Сител, тројцата веднаш биле однесени од морските струи во длабокото. Васил бил пронајден само неколку часа откако се изгубиле од страна на сурфер, а Иван поминал 18 часа во вода држејќи се за воздушна топка која случајно допливала до него.

Во потрагата по исчезнатиот 28-годишен Македонец учествуваат два патролни брода, седум чамци и еден хеликоптер. Се трага и по брегот со неколку патролни возила и спасувачки екипи.