СЗО АЛАРМИРА: Особено сме загрижени поради состојбата со короната на Балканот

13

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека е „особено загрижена“ за состојбата со ковид-19 на Балканот и Централна Европа, пишува АП.

Оттаму додаваат дека бројот на хоспитализации и смртни случаи во областа е меѓу највисоките во светот.

„Особено сме загрижени за епидемиолошката состојба на Балканот, како и многу други централноевропски земји“, рече Кетрин Смолвуд од СЗО, цитиран од „Ле Котидиен“.

Според СЗО, најголема седумдневна инциденца (број на пациенти на 100.000 жители) има во градовите во Естонија, Чешка, Унгарија и Босна и Херцеговина.