Сите тестови се негативни, Вардар рано наутро на пат кон Веспрем

17

Вардар во четврток го игра последниот натпревар во Лигата на шампиони оваа сезона.

По убедливиот пораз на домашен терен во првиот осминафинален меч од 27-41, ниту чудо нема да биде доволно за пласман во четвртфиналето.

Тренерот Стевче Алушовски на оваа средба на располагање ќе ги има сите играчи, тестовите за Ковид-19 се негативни.

Поради лошата конекција, македонскиот тим ќе патува со автобус, за Веспрем ќе замине рано наутро.

Целта на Вардар 1961 оваа сезона беше четвртфинале, но пандемијата коронавирус направи вистински хаос не се одиграа бројни мечеви, а се смени и патот до Ф4.

Во секој случај целта на последниот натпревар е да се одигра подобро од Скопје.