Скок на бројот на заболени и починати од ковид-19 во Германија

14

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми на 33.000, а вкупно 159 лица починаа од болеста.

Како што покажуваат податоците од Институтот за здравје (RKI), бројот на заболени за само еден ден се зголемил за 4.200, а на починати за 36, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, Германија на лекување презема неколку пациенти од Франција и Италија.