Скопје и Тетово остануваат најголеми жаришта на Ковид 19

97

По подолго време во земјава имаме двојно повеќе оздравени пациенти од новодијагностицирани

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, регистрирани се 303 помалку нови случаи со Ковид-19, со помалку 8 смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела имало вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1000 случаи во просек претходните 3 недели.

„Mинатата недела инциденцата е пониска.Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони пациенти ширум светот се практично регистрирани во месец јуни. Ова повторува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тој е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на дистрибуцијата по градови, најголем број од регистрираните случаи се во Скопје – 46%, Тетово – 13%. Овие градови и натаму остануваат најголемите жаришта во нашата земја.