Скопје со најмногу активни случаи на Ковид-19: Болниците се полнат со новозаразени

6

Повторно пламнуваат бројките на заболени од ковид 19. Пандемијата не се стишува а викендов малку помал број на регистрирани заболени.

Метрополата жариште. 5695 е бројката на активни случаи со коронавирус во Скопје.

Прилеп, Куманово, Тетово се редат на листата но со помал број активни случаи.

Зголемениот број на нови заболени од корона, ги зголеми и активираше болничките капацитети.

Повторно се отворија ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во овој момент на ниво на држава има вкупно 11 640 активни случаи додека дијагностицирани со вкупно 112 646 лица од почетокот на пандемијата.