Словенецот жестоко нападнат: „Дончиќ е меѓу петте најдобри во НБА само во – плачење!“

10

Сезоната за Лука Дончиќ заврши синоќа, кога неговиот Далас маверикс го претрпе и четвртиот пораз во воведната плејоф-серија против ЛА Клиперс, што отвори многу дебати околу прикажаното, со оглед што тој веднаш сруши неколку рекорди од доигрувањето во НБА.

Словенечкото чудо од дете постигна најмногу поени во првите две плејоф-средби во кариерата, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар, а делумично исецканата сезона поради пандемијата со коронавирусот ја заврши со просек од 28,8 поени, 9,4 скока и 8,8 асистенции. Згора на тоа, имаше и 17 трипл-дабл ефекти и стартер на Олстар-дуелот, поради што уште едо сега за него се говори како за еден од најдобрите во моментов во светската кошарка.

Дончиќ е еден од кандидатите за наградата за најголем напредок, секоја вечер беше во центарот на вниманието, дали поради одличните потези или желбата на противникот да го повреди, но не сите се негови фанови. Веројатно најпознатиот американски коментатор и колумнист, Скип Бејлс, имаше интересен твит со кој привлече големо внимание, особено кај навивачите на Далас кои го бранеа својот миленик.

„Нема шанси Дончиќ да е меѓу петте најдобри играчи во НБА. Лошо шутира тројки и слободни фрлања, а ривалите постојано го напаѓаат бидејќи е слаб во одбрана. Може да биде најдобар само во плачењето на судиските одлуки. Срамно е да го споредувате со Лери Бирд“, напиша Бејлс.

Познатиот колумните е познат „хејтер“ бидејќи во минатото напаѓал и величини како Леброн Џејмс и Демиан Лилард, а очигледно сега си нашол нова жртва.