СЛОВЕНИЈА ПОЧНА ДА ЛЕКУВА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА СО МОНОКЛОНАЛНИ АНТИТЕЛА: Еве за каков третман се работи

10

Словенија започна да третира одредени пациенти болни од ковид со третман со моноклонални антитела, објави Министерството за здравство.

Словенија доби 1.000 дози експериментален лек развиен од американската компанија за биотехнологија Регенерон, како дел од договорот со Европската унија, пишува СТА.

Лекот во моментов е лиценциран од Словенечката агенција за лекови и се дава на пациенти со тешки симптоми во раните фази на коронавирусот.

Вчера, службениците на Министерството за Словенија разговараа со претставниците на компанијата „Фајзер“ за употребата на нивниот третман со моноклонални антитела во развој.