Словенија регистрираше прв случај на мајмунски сипаници

5

Словенија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, јавува „Н1 Словенија“.

Според информациите на порталот, пациентот не е хоспитализиран и најверојатно станува збор за благи симптоми. Исто така, медиумот објавува дека заразен е маж кој се вратил од Канарските Острови.

Се очекува во текот на денот со повеќе информации да излезе и Националниот институт за јавно здравје на Словенија.