Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец

5

Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од недела под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Од понеделник дневните температури ќе бидат во опаѓање.