Сончево, тивко и топло

1

Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 28 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец.