Со кого и за кого Владата ќе го крои петтиот сет мерки, прашуваат угостителите

14

Независната угостителска комора очекува покана и активно учество во креирањето на новиот сет мерки и заедно со останатите комори и Владата да даде придонес да бидат креирани според вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија.

„Како единствена специјализирана комора на угостителите која ја штити и унапредува целокупната угостителска индустрија во Македонија досега се уште немаме добиено никаква директна информација ниту покана од Владата или било која друга институција за дискусии и предлози во креирањето на посебни економски мерки наменети за угостителите“, соопшттија од НУК.

Тие додаваат дека нивните иницијативи и укажувања за потребите од дополнителни економски мерки – финансиска поддршка и неповратна помош поради ограничувањата на работното време на угостителските објекти кое е направено со измените и дополнувања на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 донесени на 30-та Седница на Влада од 15-ти декември годинава дале резултати.

„И покрај тоа што се уште немаме добиено покана за јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите со Претседателот на Влада, ги поздравуваме предновогодишните изјави и прес конференции на кои претставниците на Владата и Претедателот на Владата официјално ги најавија петтиот сет пакет на економски мерки со кои мерки треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните а се планираат да ги дизајнираат во консултации со Синдикатите, Стопанските комори и други социјални партнери, велат од НУК, при што додаваат дека се уште немаат информации за поднесената иницијатива до Уставниот суд од 18-ти декември во која тие се жалат на селективноста на донесената рестриктивна мерка за работното време на угостителските објекти од страна на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.