СО КОИ КУРШУМИ КЕ ПУКА ВЛАДАТА?

341

А, народот, ( не реков стока, де), ниту имал некогаш ниту ќе има ‘‘газ‘‘ да искочи организирано на улица како и во сите по здраво организирани демократски држави и да каже ‘‘ не може више вака алооо‘‘! Ќе си трпи, ке лае како куче во воздух и ке си плаќа поскапи сметки, поскап живот на плати кои се повеќе за опстанок отколку човечки достоинствен живот.  Или, ке си замолчи тотално. Ја знаете приказната за царот кога зголемувал данок, и неговиот везир викал ‘‘ народот се буни‘‘. И овој вика ќути додека се буни добро е! После еден период му вика ‘‘ Царе народот молчи‘‘! Аааа сега е опасно.. – спуштај даноците!

Од Агим ЈОНУЗ

Заев е веќе историја. Зборите колку сакате. А, ако сметате дека не е историја, тогаш имате проблем да си одговорите самите на себе си дали сте у суштина свесни каде се наоѓате и колку е саатот. Тој што смета дека новиот премиер е само продолжена рака на Заев, тогаш треба да се освести дека живее во земја во која некој од сенка ги влече чекорите, а тоа е веќе држава која воопшто не се разликува од Сицилија. А од таква држава што можеш да очекуваш? Само криминал, беззаконие и хаос.

Ех, хаос и беззаконие не ни недостасува, така да Сицилија може само да ни љубомори. Таму барем на времето Џовани Фалконе го дигнаа во воздух и си почива како херој кој се борел со мафијата, а кај нас Катица јанева на крај испадна по ‘‘Дон  Корлеоне‘‘ од самиот Кум. И додека за просечниот граѓанин 500 еура се научна фантастика, некој фрла на маса единаесет милиони евра за да може да руча за Божикј дома. Она што е нај симптоматично, ако го прашаш од кај му се толку пари, тој низ насмевка парафразира една улична фраза која се вика ‘‘ а, што кур те боли тебе‘‘! И така, не можеш да му објасниш дека можеби тебе не те боли, ама ја боли државата. Ако ја прашаш неа, таа ти вика ‘‘ мене ме заболе кур, што него го боли кур‘‘! Ве молам простете ми што употребувам оваков речник, ама нема алтернатива. Тоа е единствениот речник кој функционира не само на улица, туку и во кулоарите вон протоколарниот јазик на судот, владата, парламентот насекаде.

Од половината на овој месец имаме нова влада која амбиентално и по сите протоколи треба да ветува дека нешто ке се работи. Ке се работи, ама кои ке бидат резултатите? Повторно ке го употребиме јазикот на улицата и ке кажеме дека резултатите однапред се дефинирани со прост уличен збор ‘‘ташак‘‘! Оваа нова влада како прво и основно е ‘‘зорлем‘‘ влада, откако Заев сакаше да испадне фраер и да покаже дека има принципи и реална демократија во Македонија. А бе како не сваќате дека Заев на време си се повлече затоа што оваа пролет Македонија на политичко и економско поле ја очекуваат страшни земјотрси и порази на секој план. Вака барем се повлече како боксерите кога се на врвот на каријерата за да ги памтат како победници. Колку е Заев победник тоа е прашање за милион долари, ама дека повлече паметен потег, тоа не е за дискусија. Барем се спаси од ‘‘ кабает‘‘ за она што ја очекува МАкедонија во наредниот период.

Нејсе, ајде да видиме што ја очекува Македонија во следниот период.  Од петнаести имаме влада која нема никаква харизма одејки од главата надолу. Почни од премиерот. Со едвај преживеаните министри на СДСМ. Сето тоа со ‘‘Вегета‘‘ од партијата на Гаши, со уседените стари кадри на ДУИ, со ситни мали партии и министри ‘‘без ресор‘‘ колку да се пополни квотата секоја од партиите да биде среќна, оваа влада има само една судбина. Таа судбина се вика ‘‘држи воду док мајстори оду‘‘ викаат србите. Оваа влада ќе има легитимитет, ама дали ке има капацитет. Дека претходните влади направија спектакли, тоа се приказни за мали деца, ама дека оваа ке биде нешто ‘‘нов модел 2022‘‘, тоа за познавачите на политиката и на актуалната ситуација е смешно.

Проблемите што ги очекува за решавање на оваа влада се преголеми за да може толку лесно да се решаваат. Најголемиот проблем не се предизвиците во ‘‘евро лигата‘‘ , туку во она што се наталожило како старо. Има ли нормален човек да потврди дека проблемот со корупцијата, криминалот, судството, здравството ќе бидат лесно решив проблем. Ако има таков одма да го ставиме него како премиер, да не губиме време, секако ако тој прво ни елаборира како мисли тој дека проблемите ке се решат. Како и да свртиш, нормалниот мозок вели дека ситуацијата онаква каква што е на теренот не тера да мислиме дека само едно свенарио може да се случи. Тоа е следново.

Оваа влада ке започне колку да го направи адетот, помогнати со медиумите ке се создаде амбиент дека се тргнало со голема сила, ама во позадина ќе се случува нешто сосема трето. Ако бидеме реални, политиката со својот речник секогаш остава впечаток дека нешто се работи. Арно ама, сето тоа е ‘‘ летање во место‘‘. Бугарите ако направат и најмала одстапка во врска со македонското прашање, главата на политичарте им е ставена на ‘‘гилотиња‘‘. Првите месец-два ке се глуми дека има добра воља да се направи чекор напред во решавањето на проблемот, и така ке се купува време. Во меѓувреме, времето ке тече, а внатрешните проблеми на државата ќе се решаваат ‘‘на дневна основа‘‘ по системот, ајде да пробаме поинаку да го решиме проблемот ко е пред нас‘‘, а тој проблем три претходни влади не можеле да го решат.

Опозицијата како никогаш до сега ке подигне иницијатива за предвремени избори, а најмногу во тоа ке предничи ВМРО заедно со партијата на Сеља, поготово после ‘‘курнаскиот маневар‘‘ на Гаши и изневерувањето на принципите на дадениот збор. Партијата на Гаши  сосема извесно може само да направи само една екскурзија во власта, зошто кодексот на албанците не трпи ‘‘едно збори, друго прави‘‘! За да опстане, ке мора да ја игра играта на БЕСА, која од полу мртва партија влегувајки во коалиција со Заев да простите не само што ‘‘ спаси газ‘‘, туку и виде добар бенефит од сето тоа. Касами испадна најпаметен. Истата формула сметам дека ке ја направат и ‘‘Гашиевци‘‘ доколку дојде до предвремени избори. Формулата на Касами како и да ја погледнеш, политички е профитабилна. Единствена енигма е дали Кастриот Реџепи би се кандидирал како независен пратеник, а со оглед на тоа дека има ‘‘ сигурни извори‘‘ кои го подржуваат. Не знаеш дали да плачеш или да се смееш! А дали реално ке има предвремени избори? Простата логика го вели следното.

Обавезно! 100%!  Спремен сум да се кладам јавно ! Зошто и како? Многу едноставно, иако за популацијата тој амбиент се доживува како политичка борба и демократија. Ало! Нема тука ни демократија ни политичка борба. Се е само филм! Оваа влада нема куршуми со кои ке се тепа против проблемите. Единствениот начин да покаже дека нешто прави е да вербализира и  медиумски да покрива проблематика која е како индиските серијали вокои нема крај, а секоја епизода е спектакуларна. Откога после два до три месеца ке се види дека никој никаде не оди и дека нема ниту еден цантиметар прогрес, следува дискусија во јавноста ‘‘ дали да имаме избори‘‘ А, сите знаат дека ке има. Потоа, откога ке се спреми ситуацијата на теренот дека ‘‘ дојдено е до зидот‘‘, ке се донесе одлука за нови, предвремени избори. Е сега тука лежи најголемата заебанција.

Македонија оваа година освен штоке купува време, ништо друго нема да прави. Не е потребен дигитрон за да пресметате колку време ке се купи со предвремените избори. Прво, сто дена техничка влада на која нема да и се забележува дека нема успех, затоа што е баш ‘‘ техничка‘‘, па после кампања за избори, па избори, па после четриесет и пет дена додека се формира нова влада, па потоа, чекај владата е ‘‘ нова‘‘ дајте и време. А во меѓувреме народот навикнат да се дави да простите во говна, само ке ужива во црната кампања која е гарантирана а во која ке се вадат разни резили на сите страни, после кој никој нема да му фали ниту едно влакно од косата, а камо ли да биде казнет, обвинет и одстранет. Алоооо отишла година!!! Цела 2022 !

А, народот, ( не реков стока, де), ниту имал некогаш ниту ќе има ‘‘газ‘‘ да искочи организирано на улица како и во сите по здраво организирани демократски држави и да каже ‘‘ не може више вака алооо‘‘! Ќе си трпи, ке лае како куче во воздух и ке си плаќа поскапи сметки, поскап живот на плати кои се повеќе за опстанок отколку човечки достоинствен живот.  Или, ке си замолчи тотално. Ја знаете приказната за царот кога зголемувал данок, и неговиот везир викал ‘‘ народот се буни‘‘. И овој вика ќути додека се буни добро е! После еден период му вика ‘‘ Царе народот молчи‘‘! Аааа сега е опасно.. – спуштај даноците!

На овој народ можеш да му правиш што сакаш! Ве молам да ми простите што ке употребам една вулгарна дефиниција, ама јас ( авторот) доаѓам од улица. А таа вика ‘‘ не можеш овој народ да го ебеш онолку колку што тој може да издржи‘‘! Вулгарно ама 100% точно!

ООО ЏЕМААТ ! За тебе само камшик! Не си научил на подобро. Вака си комотен!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)