Србија прв полуфиналист на СП во кошарка

13

Кошаркарите на Србија се првите полуфиналисти на Светското првенство, откако попладнево во воведниот четвртфинален дуел убедливо ја совладаа Литванија во Манила со 87-68 (24-25, 25-13, 24-17, 14-13).

До место меѓу четирите најдобри селекции на кошаркарскиот Мундијал што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, репрезентацијата на Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 21 поени, додека Тадас Седекерскис со 14 кошеви беше најефикасен во литванските редови.

Србија во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Канада и Словенија, кој е на програмата утре.

На денешната програма преостанува четвртфиналниот дуел меѓу Италија и САД, додека вториот четвртфинален натпревар утре е меѓу Германија и најголемото изненадување Летонија.