Судот не дозволи за „шамарите во Центар“ да сведочат Коневски, Божиновски и Камчев

14

Во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот „Насилство во општина Центар“ со искази на сведоци за настанот.

Одбраната на обвинетите побараа да ги добијат ЦД-ата на вештото лице од Србија, Слободан Јовиќиќ, каде што се слушат разговори на дел од обвинетите во случајот.

На последното рочиште во март вештакот ги анализираше разговорите меѓу Миле Јанакиески, Никола Груевски и Орце Камчев. Јовичиќ објасни дека не знае дали цедеата се оригинал или копија и оти не навлегувал кога тие се креирани. Но, призна дека таква анализа од други лица е можна.

Одбраната тогаш негодуваше затоа што во тогашното Специјално јавно обвинителство се одлучиле да ангажираат вештак од Србија, што е спротивно од членот 236, став 1 од ЗКП според кој вештачењето можат да го вршат само вештаци од Македонија.

Одбрната предложи да сведочат Ивица Коневски, Јордан Камчев и Кирил Божиновски, но судијата Душан Јосифов ги одби сите барања на обвинетите.

За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието, Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.