Таткото на детето на Елизабет Харли, се самоубил скокајќи од 27. кат ФОТО

Американскиот бизнисмен и филмски продуцент Стив Бинг во понеделникот трагично почина на 55-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“. Извори за странските медиуми рекле дека тој не се чувствувал добро за време на изолацијата поради пандемијата на коронаввирусот и бил депресивен.

43

Неговата кариера започна кога тој наследи 600 милиони долари од неговиот дедо Лео кој се занимавал со недвижности. Тој градеше луксузни куќи во Њујорк. А, неговиот татко Питер се занимавал со прашањата од јавно здравје за Белата куќа. Целото семејство на Бинг се појави на листата на „Форбс“ во првите 400 најбогати Американци.

Во моментот на смртта на Стив, неговата нето вредност се проценувала на 590 милиони долари.

Елизабет Харли беше во долга врска со Бинг, од која има синот, Дамјан (18).

Во судските документи од пред две години стои дека Демијан никогаш не го запознал својот татко.

Бинг ги продуцираше филмовите „Polar Express“, приказната за „Стонси“ „Shine a light“; во режија на Мартин Скорсезе и „Kangaroo Jack“.