Тони Трајковски бил нападнат поради кавга за куче

4

Поранешниот градоначланик на Гази Баба, Тони Трајковски бил физички нападнат од две лица поради кавга за куче. Тој синоќа додека пешачел во близина на „Ремедика“ во скопската населба „Железара“ сретнал две лица кои шетале расно куче, но без маска, објави ТВ24.

Трајковски на двајцата непознато им кажал дека му е страв. Прво започнале вербална расправија, а потоа и физички бил нападнале. Тој случајот го пријавил во МВР околу 23.35 часот и кажал дека напаѓачите не ги познава.