Тони Трајковски не дојде на ТНТ, бил претепан вчера

4

Поранешниот градоначалник Тони Трајковски кој е обвинет во случајот ТНТ, утринава не се појави на судското рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, бидејќи, како што посочи неговиот адвокат, синоќа бил претепан и се наоѓа во болница.

Адвокатото тврди дека кога утрово бил да го посети, Трајковски имал видливи повреди и хематом.

Наспроти ова, судијата Огнен Ставрев рече дека утрово се јавил кај доктор во Ургентниот центар од каде добил известување дека Трајковски е во добра здравствена состојба и е на пат кон дома.

Судијата даде рок од 1 час Трајковски да се појави во судот или во спротивно најави дека ќебиде стражарно приведен.

Ако случајот ТНТ не заврши до утре, тогаш ќе се врати од почеток, поради завршување на мандатот на една од поротничките.

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.