Уште четири нови наплатни рампи по македонските патишта

19

На автопатот Демир Капија – Смоквица за помалку од два месеци ќе има уште една патарина.

Новата патарина ќе чини меѓу 60 и 80 денари. Кога ќе профункционира и оваа патарина, патувањето со патничко возило за 150 километри автопат, ос Скопје од Гевгелијаи назад ќе чини околу 700 денари.

Денеска директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов најави дека ќе се отворат и други нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Европската банка за обнова и развој очекува постапката за заем од 13 милиони евра да почне на 28 декември. Со овие пари ќе се финансираат надградби во системот за патарина на коридорите 10 и 8 и за патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид.