Водечкиот француски оператор виновен за самоубиства на работниците

15

Француската компанија за интернет и телекомуникации Orange е прогласена за виновна поради серија самоубиства на работници кон крајот на 2000 година, додека компанијата поминувала низ приватизација.

Orange е казнета со 75.000 евра, а на поранешниот директор Дидије Ломбар е осуден на четири месеци затвор и парична казна од 15.000 евра.

Серија трагедии започнаа со обидот на компанијата да укине 22.000 работни места и да прераспредели уште 10.000 вработени за да се прилагоди на конкуренцијата.

Обвинителите наброија најмалку 18 самоубиства и 13 обиди за самоубиство од април 2008 година до јуни 2010 година. Синдикатите велат дека извршителите ги принудиле работниците да ги напуштат работните места или да прифатат прераспределба.

„Администрацијата не ги почитуваше важечките закони за однос кон работниците и со ова сакаме да се осигураме дека случајот нема да се повтори. Судот призна дека дејствијата на компанијата биле крајно подмолни и довеле до низа трагедии“, вели адвокатот на семејствата на жртвите, Жан Пол Тесонија.
Иако директорите негираа одговорност затоа што не ги познавале тие луѓе, судот донесе пресуда дека тие и компанијата се виновни за колективно, морално вознемирување.

„Оваа одлука е политички мотивирана. Шокиран сум од начинот на кој судот решавал сериозен деловен случај, сакале да се задоволат самите себеси и другите, а не да се занимаваат со правосудство“, вели адвокатот на поранешниот директорот на Orange, Жан Вил.

Останатите директори исто така се осудени на затворски и парични казни. Сè уште се чека одлуката дали компанијата мора да плати отштета од два милиони евра.

Orange и понатаму е водечка француска телефонска компанија и работи во 26 земји низ Европа, Блискиот исток и Африка.a