Трамп гласаше на Флорида: Гласав за ликот кој се вика Трамп (ВИДЕО)

16

Американскиот претседател Доналд Трамп денес гласаше на пратеседателските избори во САД, искорустувајќи ја можноста за рано гласање.

„Гласав за ликот кој се вика Трамп“, им кажа претседателот на САД на новинарите по излегувањето од гласачкото место.

Истакна дека гласањето е многу безбедно, многу побезбедно отколку кога гласачот го испраќа“ ливчето по пошта.

Трамп гласаше во Вест Палм Бич, во сојузната држава Флорида, во близина на неговото одморалиште Мар а Лаго.