Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден

22

Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари, прекинувајќи традиција долга повеќе од 150 години. Актуелниот претседател не откри како ќе ги помине своите последни 12 денови во Белата куќа, но вети дека ќе работи на тоа да се обезбеди мирна и законска транзиција на власта.

Последниот претседател кој го направил ова бил Ендрју Џонсон, кој во 1869 година одбил да патува на церемонијата во иста кочија со неговиот наследник Јулисис Грант.

„До сите оние кои ме прашуваа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер.

За разлика од него, актуелниот потпретседател Мајк Пенс се очекува да присуствува на прогласувањето на Бајден за нов претседател, иако засега не го потврдил ова.