Трипл-дабл на Батлер за Мајами, Кари погоди 10 тројки против Орландо (ВИДЕО)

8

Синоќа во НБА-лигата беа одиграни пет натпревари, а посебно блесна Стеф Кари, кој постигна 40 поени во победата на Голден Стејт од 111-105 против Орландо.

Кари постигна неверојатни 40 поени, осум поени и пет асистенции, при што погоди неверојатни 10 тројки, додека кај ривалот најдобар беше Никола Вучевиќ со 25 поени и 13 скокови.


Кармело Ентони беше јунак на победата на Портланд од 118-114 против Филаделфија. Тој постигна 24 поени, а Дамиан Лилард додаде 30. Кај противникот најефикасен беше Ембид со 35 поени и девет скокови.

Мајами хит во Хјустон славеше со 101-94 со трипл-дабл на Џими Батлер, кој имаше на крајот 27 поени и по 10 скокови и асистенции.

Бостон беше подобар од Торонто со 120-106, додека Индијана триумфираше во Детроит со 111-95.