Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер на гостински терен го победи Феникс (ВИДЕО)

7

Никола Јокиќ имаше одлична партија во победата на Денвер на гостувањето кај Феникс од 113:111. Денвер водеше во поголем дел од мечот, но Феникс успеа да го сврти резултатот во последниот период кога имаше предност и од девет поени разлика. Сепак во последните минути од натпреварот гостите беа подоби и на крајот славеа со 113:111.

Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок, постигна 22 поени, имаше 12 скокови и 10 асистенции, најефикасен во неговиот тим беше Мареј со 28 поени. Во составот на Феникс, Рики Рубио постигна 21 поен.

Резултати:

Кливленд – Атланта 121:118
Детроит – Филаделфија 109:125
Индијана – Торонто 120:115
Њујорк – Вашингтон 115:121
Орландо – Чикаго 103:95
Мајами – Јута 107:104
Мемфис – Сан Антонио 115:145
Феникс – Денвер 94:102
Сакраменто – Хјустон 104:113
Голден стејт – Минесота 113:104