Три умерени земјотреси во рок од 15 минути го стресоа западниот брег на Турција

13

Утрово три умерени земјотреси во период од 5:46 часот до 6:00 часот, се случија на западниот брег на Турција, во близина на градот Измир.

Првиот земјотрес бил во 5:46 часот со јачина од 4,8 степени, на длабочина од 10 километри.

Најмногу се почувствувал вториот земјотрес кој бил минута подоцна, на длабочина од 1 километар, со ист интензитет од 4,8 степени.

Третиот земјторес бил во 6:00 часот, со јачина од 4,8 степени и на длабочина од 16 километри.