Тројца убиени во напад со нож во Ница, една од жртвите обезглавена

83

Три лица се убиени во нападот со нож во францускиот град Ница, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси изјави дека сѐ упатува на тоа дека станува збор за терористички напад, кој се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот.

Полицијата соопшти дека една жена е обезглавена и дека напаѓачот е уапсен.

„Напаѓачот постојано извикуваше ‘Господ е голем‘ додека беше приведуван од полицијата. Еден од убиените е чувар во базиликата“, кажа Естроси.

Нападот следува неполни две недели по бруталното убиство на учителот Самуел Пати во париско предградие, кој исто така беше обезглавен.