Турли-тава живот во мало тенџере

293

Кога една млада невеста не знае какво јадење да направи, има една проста формула која ја измислиле турците, а се вика ‘‘ Турли-Тава‘‘. Се што имаш у кујна фрли у тенџерето, стави му вегета и ете ти јадење во кое има состојци за сечиј вкус. Секој ке си го најде ‘‘своето парче месо‘‘, а најбитно е да го наполни стомакот. Да го прашаш ‘‘ што јадеше‘‘, појма нема. Битно нешто јадел, ама било убаво. Така е и оваа држава. Турли – Тава! Социолошки, културолошки, цивилизациски, политички, економски, а капак на се и демографски

Од Агим ЈОНУЗ

Една стара приказна од царот Соломон вели вака. Си биле двојца кои се карале со години чива е земјата каде што пасат овците. До таму отишла работата, што фамилиите ја довеле ситуацијата до војна меѓу двете куќи. За да не прават војна , решиле да одат кај Царот Соломон да ги советува и да пресече. Откога ги ислушал, им рекол да дојдат утредента за да им каже чива е земјата. Утредента, кога тие дошле, овој им рекол дека зборел со земјата, а таа му рекла ‘‘ јас не му припаѓам ни на едниот, ни на другиот, туку тие ми припаѓаат – мене! Јас ке ги соберам на крај сите! Се е кажано со оваа приказна. Кога луѓето не можат да се договорат, да се организираат, да има береќет за сите, страдаат сите. А на крај сите добиваат по два кубика земја врз нив. И!?… Што направиле на крај?… Народот вика со војот јазик ‘‘ ташак со грашак‘‘!

Еднаш, напишав колумна со наслов ‘‘Дали ке ја биде оваа држава‘‘! А бе, Тито убаво си ставил потпис ова еден ден да биде држава, ама малку и фали за да биде стварно држава.Тоа е прашање кое обично знае да ми постави некој минувач на улица. Ако земеме во предвид дека девеесет посто ид обичните граѓани се политички неписмени, не знаат како функционира демократијата, единственото просто прашање им е тоа. ‘‘Ќе не биде ли‘‘? Па, тоа веројатно требал да мисли Тито кога рекол ‘‘ нека биде држава бе‘‘.. ‘‘ѓунах се‘‘! А ја би го прашал Тито, друже, да не си испил ти некоја ракија повеќе кога си верувал дека од нас може да биде држава? Си ги земал ли во предвид бугарите, грците, србите, албанците? Сите викаат дека Македонија е нивна авлија! Вака испаѓа дека Македонија е сечија и ничија! Македонецот завалијата, не знае од кого да ја брани! Нејсе, тој е среќен што воопшто има држава, зошто да не беше овака како што е, по должината на Вардар ке зборувавме српски во ‘‘Вардарската Бановина‘‘, десно од Вардар Албански, а лево бугарски. Македонски ке се збореше само по тајните состаноци на ВМРО, ТМРО и мегапатриотските клубови по дијаспората. Како и да е, по тие клубови барем ке се собереше по некој долар ( 10 долари) за ‘‘Македонија да се стори ок!‘‘. Пак нејсе! Еве ја Македонија ‘‘жива-здрава‘‘, иако жива ама не и здрава! Сите сме си на купче, секој свој јазик зборува, ама софрата празна.  Битно, ја џвакаме приказната за Европа, како телиња сите погледи сме ги впериле кон неа, исто како куче кое стои пред газдата, го гледа во очи и сака да му каже ‘‘ дај некоја коска бе не се прави педер‘‘!

0 самопослуга како функционира моторот на државата. Една држава се темели генерално на три дирека, а тоа се политичката, социјалната и економската стабилност. И сега, за да му дадам права слика, треба да објаснам каква е ситуацијата, а истовремено да употребам едноставни зборови кои тој, како просечен граѓанин може да ги разбере. Ајде да се обидеме едноставно со прости зборови. О Шоч! Политичкиот дирек на кој се потпира државата е како крива бандера што држи  гајтани од струја што ја крадат сите. Има! Дал господ има за сите па си крадат. Ама нејсе, не е во тоа проблемот. Проблемот е во главата и во концептот по прашањето кој како ја подразбира државата и кој смета дека државата е негова. Исто како на почетокот на оваа колумна со двојцата комшии кои се карале чива е земјата на која паселе овците.

Македонската страна не знае што да прави сама со себе, па си вади очи сама во борба кој ќе биде поголем католик од Папата. Дека многу ги сакаат албанците и дека се најголеми космополити на светот, тоа можеш слободно да му кажуваш на некое дете. Најголема заблуда е да кажеш дека македонците ги обожаваат албанците. Уште од турско време они се контра страната! Ама, немаат каде. Горе високо, доле длабоко. Прават зорлем братсво-единство со албанците. Кога би можеле да бираат, најголем дел од нив би сакале линијата Белград – Солун да нема граници, а истовремено да си ја задржат државата. Е на тоа се вика ‘‘ на баба ти гаките‘‘! Тоа е правата вистина. Дуга нема! На македонците, албанската страна им е како каменче кое ти е во патиките, ти играш фудбал ама свесен си дека така треба, па почнуваш да се навикнуваш на каменчето и играш со се него, мислејки во себе ‘‘подобро воопшто да играм отколку да седам на клупа како резервен играч‘‘. Завалија македончето. А да не зборам дека и нема некој друг избор, зашто подобро е да играат фудбал со тоа каменче во патиките отколку бугарите, србите и грците ‘‘ да не сакаат воопшто да играат утакмица со нив‘‘! Вака,.. играј, ќути и викај ‘‘урааа‘‘!

На албанците откога големите сили им го ставија во фиока проектот ‘‘ голема Албанија‘‘, им остана секој во својата држава да глумат ‘‘најголеми албанци‘‘. Им остана амбиентот навечер со ‘‘ ќетелија‘‘ да пеат за патриотизми, а преку ден да се мешаат со македонците во секојдневјето затоа што државата мора да функционира. Така барем наредиле Америкаците. Нема ‘‘ трт-мрт‘‘!. Кој ќе биде против тоа, може слободно да си оди дома и да гледа вести на телевизија. Ако не, ке оди на Кале да му сечат ушите. Она што е најтрагично, после војната 2001-ва останаа  многу отворени политички газови, кои во 25-30% население наместо да се единствени, си копаат гроб еден на друг кој да седне во кожна фотеља, а кој да фати лопата и да обработува земјиште за бериќет. Битно, ќетелијата навечер гласно свира ‘‘пер Шќиптариијн‘‘! Политиката создаде ‘‘македонска‘‘ албанска елита ( дали е тоа елита?!..) базирана на војна, ‘‘бизнис‘‘, насилен фраерлук и субкултура. Вистинската интелигенција и еснафите останаа фукара, без леб и на дното. И така, во државата политичка сцена функционира како голем синфониски оркестар во кој наместо виолини, свираат зурли и тапани ‘‘љодрат‘‘ , со по некоја хармоника ‘‘ дугметара‘‘! Јасно ли ти е сега Шоч? Не! Знам! Да ти беше јасно, до сега сто пати ке преземеше нешто да ја менуваш стварноста во која живееш. Теле си бил,.. теле си останал!

Социјалниот дирек функционира како последица на политичкиот. Не може да ти функционира министерство за Труд и Социјала во која министер по партиска линија е некој што завршил за ветеринар! Секако ова е само измислен пример, ама вистината е блиску. Не дај боже да останеш да мисли државата на тебе, тоа е исто како да чекаш ( естагфируллах) во сред џамија господ да ти пушти нешто одозгора. Општа депресија. Среќна е онаа куќа која има барем еден член што е во странство, под услов да е ‘‘ хаирли‘‘ дете па да прати дома пари за леб. Огромна маса од населението е во сериозна депресија на душата и користи лекови за нерви. Оние кои се по ‘‘харамот‘‘, баш им е гајле што се повеќе има наркомани и алкохоличари. Кога една држава е во криза, цветаат алкохолизам, наркоманија, проституција, криминал, башибозук. А ако некој ми рече дека тоа го немаме ‘‘колку ти душа сака‘‘ или е ќорав или зборува за инат! Оооо ајван! За економскиот дирек што да се каже освен дека се што имаше да се украде во државата отиде јабана. ‘‘Папала Маца‘‘! Нема што повеќе да се краде. Останаа неколку елементи, ама кога ќе дојде и тоа да се продава, нај пресудното прашање ќе биде ‘‘ колку има за мене и тебе‘‘, а не за државата и буџетот. А, со самото тоа за народот, за тебе, за мене.  Економијата во Македонија е упропастена уште оној момент кога сите ја оставија лопатата на нива и отидоа во големиот град да станат ‘‘граѓани‘‘. Сите побегнаа од село како од болест. За ситуацијата најдобар пример е податокот кој вели дека дури и во најодалечените села жителите одат во бакалница да купат литро млеко. Во земја која уште пред многу векови била земја на сточарство и земјоделие. Се е кажано. Држава во која тракторот и комбајнот е заменет со Ауди, БМВ, Мерцедес, функционира само ‘‘од бензиска до бензиска‘‘. Индустрија!? Па, зарем имаме индустрија!?

И ти мене Шоч ме прашуваш ке ја биде ли државата! Која држава бе алоо, ЈОК држава. Зборот држава има тежина, широчина, височина, длабочина. А некаде таму во таа длабочина  во сопствениот бунар е народот. Длабоко, длабоко.

ООО ЏЕМААТ! Кога една млада невеста не знае какво јадење да направи, има една проста формула која ја измислиле турците, а се вика ‘‘ Турли-Тава‘‘. Се што имаш у кујна фрли у тенџерето, стави му вегета и ете ти јадење во кое има состојци за сечиј вкус. Секој ке си го најде ‘‘своето парче месо‘‘, а најбитно е да го наполни стомакот. Да го прашаш ‘‘ што јадеше‘‘, појма нема. Битно нешто јадел, ама било убаво.  Така е и оваа држава. Турли – Тава! Социолошки, културолошки, цивилизациски, политички, економски, а капак на се и демографски. Нема да те псујам денеска ООо ЏЕМААТ! ‘‘ – ‘‘ѓунах си‘‘! Ама, не знам зошто е појако од мене, па морам да ти речам онака ‘‘ домакински‘‘ – мрш бре у пизду лепу материну, собери памет и направи еден сериозен ‘’ремонт’’ на твојот живот. Зошто твојот живот е една обична ‘‘Турли-Тава‘‘! Ако не веруваш, ене прашај  го ‘‘Хоџата од Куманово‘‘, ионака он ти пере мозак што е харам а што е халал. Тој многу добро знае дека харамот и халалот се брат и сестра, ама не сака да ти каже, зашто ако ти каже, ке научиш ‘‘што е тоа политика‘‘, па после ке му ебеш математика.

П.С. Респект кон реални верници и постари луѓе, јазикот е фигуративен!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)