Убиениот терорист во Виена имал потекло од Македонија, потврди Министерот за внатрешни работи на Австрија

44

Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер потврди дека напаѓачот кој беше убиен од полицијата при синоќешниот терористички напад во Виена имал потекло од Северна Македонија.

Тој не го објави неговиот идентитет, но кажа дека имал 20 години и поголемо криминално досие. Нехамер претходно го опиша убиениот напаѓач како исламистички терорист и симпатизер на Исламска држава.

„Тој носеше автоматска пушка и лажен елек со експлозив“, кажа Нехамер.

Бројот на загинати цивили во пукањето што се случи во самиот центар на Виена порасна на четири, откако на повредите им подлегнала уште една жена. Вкупно 17 луѓе се примени во болница.