Убиен познат камерунски радио новинар, реакција од ЕУ

3

 

Истакнатиот камерунски новинар Мартинез Зого е пронајден мртов откако пред пет дена беше киднапиран во близина на главниот град Јаунде, а неговото убиство денеска најостро го осуди Европската унија.

Неговото осакатено тело било пронајдено во близина на Јаунде откако пред пет дена бил киднапиран од неидентификувани напаѓачи, соопшти синдикатот на новинарите и негов колега.

Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) денеска соопшти дека ЕУ најостро го осудува убиството на познатиот камерунски радио водител Мартинез Зого.

„Потребно е да се расветлат сите околности на ова убиство со темелна истрага, која веќе е објавена од властите и одговорните да се изведат пред лицето на правдата“, соопштија од ЕЕАС.

Европската унија потсетува на клучната улога што ја играат слободните и независни медиуми во Камерун и ширум светот за демократски и слободни општества.

Новинарот Зого беше пронајден мртов вчеравечер.