Фајзер-Бионтек најавуваат вакцина за новиот омикрон сој за 100 дена

3

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе може брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири новиот омикрон сој на коронавирусот.

Фајзер и Бионтек очекуваат дека ќе може да ја развијат и да ја произведат приспособената вакцина за новиот сој, за околу 100 дена, под услов регулаторните тела да ја одобрат.

Новиот сој, претходно познат како B.1.1.529, го карактеризираат некои загрижувачки мутации, а првите докази сугерираат дека овој сој носи зголемен ризик од повторна инфекција, пренесува Skay news.

Постои стравување и дека овој сој на коронавирусот би можел да биде поотпорен на вакцините кои се досега произведени.

Светската здравствена организација вчера објави дека на новиот сој на коронавирусот кој го доби името „омикрон“ според буквите во грчкиот алфабет, е класификуван како „загрижувачки“.