Феникс немоќен против тандемот Харден – Вестбрук

11

Хјустон Рокетс славеа лесна победа на гостувањето кај Феникс Санс со 139:125, тандемот Харден – Вестбрук реализираше вкупно 77 поени.

Хјустон забележа нова победа, овој пат жртва беше Феникс. Ракетите водеа во текот на целиот меч, а повторно блескаа нивните најдобри играчи Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Харден беше најефикасен, мечот го заврши со 47 поени, Вестбрук даде 30 поени, имаше и десет асистенции. Најдобар во составот на Феникс беше Оубре со 26 поени.

Резултати:

Шарлот – Јута 107:114
Бруклин – Атланта 122:112
Детроит – Чикаго 107:119
Филалделфија – Вашингтон 125:108
Њујорк – Милвоки 102:123
Мемфис – Сакраменто 119:115
Сан Антонио – ЛА Клиперс 109:134
Феникс – Хјустон 125:139
Портланд – Минесота 113:106