Фердинанд испофали еден фудбалер на Ливерпул: Тој е најдобар кога игра на таа позиција

20

Фердинанд испофали еден фудбалер на Ливерпул: Тој е најдобар кога игра на таа позицијаОбјавено пред 30 минути на 22 октомври, 2020
blank

Екипата на Ливерпул славеше минимална победа (0:1) на гостувањето во Амстердам кај Ајакс во воведниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Освен победата, она што треба да го радува Јирген Клоп е фактот што неговиот тим успеа да ја зачува мрежата без двајцата стандардни стопери на клубот, Вирџил Ван Дајк и Жоел Матип.

На стоперската позиција очекувано се најдоа Фабињо и Џо Гомез, а токму бразилскиот фудбалер доби големи пофалби за неговиот настап со оглед на тоа што стоперската позиција и не му е примарна.

Позитивен коментар за настапот на Фабињо стигна и од Рио Фердинанд кој повторно беше стручен аналитичар во студиото на „БиТи Спорт“.

– Фабињо е најдобриот играч кога игра на таа позиција. Ова момче е топ оператор затоа што играше и како десен бек во Монако и знае како треба да се брани.

– Сега ќе биде суден за настапите како стопер затоа што ќе има можност да игра тука подолг период. Против Ајакс одлично ја читаше играта, сега треба само да воспостави добро партнерство со Џо Гомез.

– Единствен проблем за него ќе биде тоа што ќе мора да го замени еден од најдобрите дефанзивци во светот, истото важи и за Гомез, па притисокот на нив ќе биде огромен. По неделата во која мака мачеа со неколку повреди, трите поени и чистата мрежа се одлични за Клоп, -изјави Фердинанд.