Филипче: Владата денеска ќе одлучи дали ќе се одложат сите јавни собири поради коронавирусот

13

После седницата на Владата ќе ве информирам за ова одлука Владата, вели Филипче, тој смета дека треба да се откажат сите масовни собирања, вклучително и спортските натпревари.

Пациентката е во стабила состојба, нема знаци на компликација во нејзината состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

-Проценката на докторите е дека таа закрепнува, добро оди целукупниот систем на изолација на лицата кои биле во контакт со неа. Вчерашните резултати на двајцата пациенти се негативни. Се тестираше уште еден пациент кој што дошол од Италија, се чекаат неговите резултати. Кога влегол во земјата се чувствувал добро- вели Филипче.

Двајца бугарски државјани, кои што работат во битолска фирма, вчера се јавиле, биле во северна Италија, дадени им се совети да бидат дома, советувани се да се јават доколку им се влоши состојбата.

Да се ограничат масовните собири, рече Филипче, оваа мерка ја предложил до Владата, ќе видиме вели тој, што ќе одлучи Владата на денешната сединца.

После седницата на Владата ќе ве информирам за ова одлука Владата, вели Филипче, тој смета дека треба да се откажат сите масовни собирања, вклучително и спортските натпревари.

Прочитајте и… Со антивирусна експериментална терапија од коронавирус излечени три лица во Италија
-Се што преземаме е со цел да го спремиме здравствениот систем, не може да бидеме сигурни што можеме да очекуваме, го спремаме системот за да можеме да третираме еден, двајца, или можеби десет лица, кај кои евентуално би се појавил вирусот. Ние мора да се спремиме- вели Филипче.