Филипче не се откажува од идејата за јавно-приватно партнерство за Брзата помош

6

Министерот за здравство Венко Филипче не се откажува од идејата за јавно-приватно партнерство за брзата помош, но не сака да открие што покажала физибилити студијата.

Истата е готова од октомври, иако првично требаше да ја имаат уште летоска. Филипче не сакаше да каже ниту зошто се уште не организираа јавна дебата, иако требаше да се организира веднаш штом студијата ќе биде готова. Сепак, тврди дека проектот бил исплатлив и дека ако се реализира, граѓаните нема да имаат повеќе трошоци.