Филипче: Нови 4 лица заболени од коронавирусот, се чекаат резултатите на уште 30 тестирани лица

5

Денеска до 12 часот вкупната бројка на заболени од коронавирусот во Македонија е 35. Четворицата нови пациенти беа во контакт со веќе заболени пациенти. Сите заболени се со лесна клиничка слика и пациентката што е на респираторна машина, изјави на денешната редовна конференција за медиуми министерот за здравство Венко Филипче.

Во тек се анализите на 30 лица, едно лице е од Куманово, двајца од Скопје и останатите се лица од Дебар и околината. Овие лица немаат симптоми, но биле во контакт со заболените.

Министерот Филипче информираше и за патниците од авионот синоќа слетан во Скопје од Брисел, патниците биле тестирани и се негативни и сега се во задолжителна домашна изолација.

Тој додаде дека залихите на крв се сосема доволни.

Во земјава, како што информираше Филипче, има доволно тестови за коронавирус околу 1.500, има најава за донација на 1.000 и набавка на уште 1.000 тестови. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека се направени околу 400 досега.