Филипче – Седуммината повредени во автобуската несреќа се во стабилна состојба

2

Сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа во Бугарија се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и никој не е животно загрозен, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој по автобуската несреќата замина за Софија, заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи. тие ги посетиле повредените во софиската болница.

Министерот Филипче рече дека само еден пациент е со скршеница поради што треба да се направат дополнителни анализи и да се утврди дали ќе биде потребен хируршки зафат. Меѓу повредените се една девојка на 16 години, а останатите се на возраст од 40-50 години, рече министерот Филипче.