Финалето во ЛШ во Лондон или Лисабон?

18

Според последните информации УЕФА донела одлука да го премести финалето од Лигата на шампионите и тоа сигурно нема да се игра во Инстанбул.

Познатиот новинар Николо Шира објави дека УЕФА финалето ќе го пресели во Лондон или Лисабон. Конечната одлука би требало да биде објавена денес или најдоцна утре.

ФА на Англија претходно започна преговори за преместување на финалето, а се споменуваше и „Вембли“ како можна опција. Наводно, УЕФА како компезација е спремна на Турција да и понуди организација на финалето во ЛШ во сезоната 2022/2023 кое е предвидено да се игра во Минхен.