Фон дер Лајен: За односите меѓу ЕУ и Кина одлучувачки ќе биде ставот на Пекинг за војната во Украина

11

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека односот на Кина кон војната во Украина ќе биде „одлучувачки фактор за односите меѓу ЕУ и Кина“.

Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, има одговорност да одигра конструктивна улога во промовирањето на мирот заснован на територијалниот интегритет на Украина, со повлекувањето на руските сили, рече претседателот на ЕК.

-Секој еден мировен план што ќе ги консолидира руските анексии едноставно не е одржлив план, рече Фон дер Лајен во говорот во Брисел пред да отпатува за Пекинг, пренесоа британските медиуми.

Шефицата на ЕК кажа дека „одлучувачки фактор за продолжување на односите меѓу ЕУ и Кина ќе биде како Кина ќе продолжи да се однесува кон војната на Путин“.