Фон Дер Лајен на Твитер: Луѓето заслужуваат да ја гледаат својата земја како напредува на патот кон членство

4

По пристигнувањето во Македонија, претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен по твитер упати порака до граѓаните во кое вели дека државата е вистински доверлив партнер, а на државата е да го направи одлучувачкиот чекор.

-Мило ми е што сум денеска во Скопје. Северна Македонија е вистински и доверлив партнер. Луѓето од МК ја покажаа својата посветеност на европските вредности. Тие заслужуват да ја гледаат својата земја како напредува на патот кон членство. Сега е на МК да го направи одлучувачкиот чекор напред, напиша Фон Дер Лајен на Твитер.