Формула 1 по крајот на сезоната ќе се прости од четирикратниот светски шампион

0

Себастијан Фетел по 15 години блескава кариера во Формула 1, одлучи да се пензионира. Кариерата му завршува по крајот на актуелната сезона, а најбрзиот мотоциркус ќе остане без уште една легенда на овој спорт.

Фетел со Ред Бул освои четири последователни светски титули од 2010 до 2013 година, возеше и за Ферари, а своето деби го оствари во 2007 година како пилот на БМВ Заубер.

„Во изминативе 15 години имав привилегија да работам со извонредни луѓе, без кои не би остварил кариера каква што имам“, истакна возачот на Астон Мартин.

Моментално е трет на на вечната листа со 53 Гран при победи, а до крајот на сезоната Фетел ќе го гледаме на уште 11 трки.