ОД РОДЕНДЕНСКА ПРОСЛАВА НА ПОРОДУВАЊЕ Сара Мејс и Димитар добија син (ФОТО)

2

„Добредојде Кирил, јунак наш“, напишаа Сара и Димитар во описот на фотографијата од болницата каде се породи.

Пејачката Сара Мејс синоќа се породи со своето второ дете. Сара и сопругот Димитар Атанасовски добија син, а среќната вест ја објавија на своите профили на Инстаграм.

„Добредојде Кирил, јунак наш“, напишаа Сара и Димитар во описот на фотографијата од болницата каде што се породи пејачката.

Сара и Димитар веќе ја имаат ќерката Илина.

Инаку, како што објавија, Сара била на прослава на детски роденден во еден ресторан во Скопје, кога ѝ почнале породилните болки, па оттаму се упатила кон болницата, каде што го донела на свет синот Кирил.