ФОТО: Кралицата Елизабета и принцот Филип прославуваа 72 години брак

49

Кралицата Елизабета и принцот Филип денес прославуваат 72 години брак.

Честитки пристигнуваат од сите страни, а по овој убав повод се огласи и Кенсингтонската палата.

Како наследничка на британскиот престол, Елизабета се омажила со морнаричкиот офицер Филип Маунтбатен во Вестминстер на 20 ноември, 1947 година, само две години по завршувањето на Втората светска војна. Имаат три сина и една ќерка.