ФОТО: Полицијата го пронајде возачот кој со „Бентли“ влета на скопскиот плоштад и го казни со 45 евра

66

Попладнево се случи инцидент на скопскиот плоштад, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како возило со марка „Бентли“ поминува низ украсениот новогодишен декор.

На снимката може да се забележи како луѓето што стојат во пределот кадешто се наоѓаат новогодишните декорации, неочекувајќи дека некој ќе се „пикне“ таму, збунето се тргаат настрана поради брзината со која проаѓа автомобилот.

Откако видеото набргу се прошири на социјалните мрежи, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакнувајќи дека на лицето му е врачен записник за прекршокот.

„Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот! Благодарност до МВР и министерот Оливер Спасовски за брзата реакција. На сопственикот на Бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок“, пишува Шилегов на Фејсбук.