ФФМ покажа како стручниот штаб на Ангеловски се подготвува за Грузија (ВИДЕО)

7

Селекцијата на Македонија попладнево во Тбилиси ќе го одигра историскиот натпревар со Грузија, во баражот за пласман на Европското првенство следната година.

Во склоп на проектот „Сега е наше време“, Фудбалската федерација на Македонија покажа видео и увид во тактиката и припремата на натпреварот. Селекторот Игор Ангеловски ги нагласи клучните моменти и на што мора да се внимава.

„Најважно е да ги ставиме нивните одбранбени играчи под притисок, да не можат да организираат игра со средината и да одат на долга топка, а таа топка треба ние да ја одземеме. Мораме да го искористиме просторот меѓу линиите каде што играат Елмас и Пандев и да нападнеме директно на одбраната, па помогнати од Алиоски и Ристовски по страна каде што ќе има простор да бидеме опасни. Прекините мора добро да ги браниме, бидејќи се доста висока екипа. Ако ги измаркираме добро на прекини, нема да имаме проблем. Сè започнува од нас и ние сме тие кои мора да им дадеме доверба на играчите. Дојдовме до ова финале и мораме да го направиме последниот чекор и да се пласираме на Европско првенство“, смета Ангеловски.
Видеото погледнете го тука.