Хаос во Љубљана, противниците на мерките за сузбивање на короната со факели на парламентот (ВИДЕО)

5

Противниците на мерките за сузбивање на ковид-19 се собраа синоќа на Плоштадот на републиката во Љубљана.

Тие ја критикуваа влада скандирајќи да поднесе оставка, а по два часа запалија факели и почнаа да ги фрлаат на парламентот на Словенија.
Полицијата на ова возврати со солзавец и водени топови.

Демонстрантите истакнаа две барања: промена на мерките за сузбивање на коронавирусот во препораките и распишување вонредни избори.