Харден: Со Филаделфија сум најблиску до шампионска титула во целата моја кариера

2

Ѕвездата на Филаделфија, Џејмс Харден, верува дека актуелниот тим на Сиксерс има капацитет за освојување на шампионската титула.

– Нашата игра се уште не е совршена. Често ја менувавме стартната петорка поради повреди. Да бидам искрен, мислам дека сме неколку години зад Бостон и Милвоки. Овие момци се заедно многу долго време. Но, кога ќе играме и ќе влеземе во ритам и ќе бидеме здрави, ќе имаме добри шанси да ја освоиме титулата.

Со овој тим имам најголеми шанси да ја освојам шампионската титула во целата моја кариера. Имавме многу добри тимови во Оклахома, а потоа имавме респектабилен тим во Хјустон. Но овој тим секако ги има најголемите шанси, изјави Харден.

Во моментов Филаделфија е на 3. место во Источната конференција на НБА-лигата.