Хуљиќ проговори за бременоста на Хана со Грашо: Сега чекам да станам прадедо!

2

Популарниот хрватски пејач Петар Грашо го очекува своето прво дете со 14 години помладата девојка Хана Хуљиќ.

Нејзиниот татко, познатиот хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ не крие дека е среќен што наскоро ќе стане дедо.

– Тончи, дали некој кажа – ќе станеш дедо? – добил Тончи прашање во емисијата кај Татјана Јуриќ.

– Ма, немојте ништо да ми зборувате, ги гледам оние сликички, така. Постојано зборував – ќе ме направите ли веќе дедо? И кога дојде тој момент, малку ме фати паника. Јас сум човек кој секогаш планира на долги патеки. А, што сега кога ќе станеш „дедо“? Сега само чекам – „прадедо“ – рекол Хуљиќ.

Неговиот одговор го следел и пејачот Петар Грашо, кој гостувал во истата емисија, а кој чека дете со ќерката на Тончи, Хана.

– Ние секогаш еден на друг му правевме лудории, мислам дека оваа е финалната – рекол Грашо.

Тој се осврнал на среќната вест дека ќе стане татко.

– Ми требаше извесно време, како и веројатно на секој човек, да се освествам за оваа прекрасна информација и сега живееме во слатко исчекување. Кога ја затвораме вратата од нашата куќа, живееме како и сите нормални семејства кои чекаат принова – рекол Петар, пренесува „Индекс“.

Што се однесува до менувањето пелени, Грашо имал подготвен одговор:

„Мислам дека има и други членови од ова семејство кои треба да прогуглаат како се прави тоа.“