Хјустон ја доби мајсторката со Оклахома, Мајами не знае за пораз во плејофот (ВИДЕО)

3

Во меч со драматичен финиш Хјустон со 104:102 ја победи Оклахома и се пласираше во полуфиналето на западот, Мајами дојде до уште еден триумф над Милвоки, овој пат славеше со 116:114.

Хјустон и Оклахома одиграа изедначен меч кој беше решаван во последните секунди. Една блокада на Хауард се покажа како клучна за триумфот на ракетите.

Дорт од Оклахома беше најефикасен на мечот со 30 поени, Крис Пол реализираше трипл-дабал со 19 поени, 11 скокови и 12 асистенции. Интересно Харден постигна само 17 поени, а најдобар учинок кај Хјустон имаше Ковингтон кој реализираше 21 поени, имаше и десет скока.

Хјустон во полуфиналето на западот ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс.

Во веќе почнатото полуфинале на истокот, Мајами поведе против Милвоки со 2-0 откако синоќа славеше со 116:114.

Мајами не знае за пораз откако почна плејофот, со 4-0 ја доби серијата против Индијана, а триумфираше и на првите два меча против Милвоки.

Драгиќ и Миделтон со по 23 поени беа најдобрите поединци во составот на Мајами, Адетокумбо за Милвоки имаше 29 поени и 14 скокови.

Резултати:

Конференциско полуфинале:

Милвоки – Мајами 114:116 (0-2)

Конференциско четвртфинале:

Хјустон – Оклахома 104:102 (4-3)