Црна Гора превзеде мерки, иако нема ниту еден заболен, во Хрватска заразен лекар

21

Светот се бори против коронавирусот. Њујорк е во карантин, градоначалникот на овој град, и на Лос Анџелес, двата најголеми градови во САД објавија затворање на сите ресторани, кина, барови… во обид да не се шири вирусот. Двајцата градоначалници објавија дека тоа не било нималку лесна одлука.

Црна Гора превзеде мерки и покрај тоа што тоа е единствената европска земја во која нема регистрирано заразени од коронавирус. Црногорците ги затворија границите за странци, ги затвори сите угостителски објекти на две недели, и ги ограничи бројките на купувачи истовремено.

Во Мексико е регистриран првиот случај на смрт од коронавирусот.

Во Хрватска е повтрдено дека е заразен лекар. Станува збор за лице кое не било во странство, но кон средината на минатата недела покажувало симптоми на грип и самиот се јавил на епидемиолозите. Од средата не бил во контакт со ниту еден пациент и заминал во самоизолација.

Швајцарија во понеделник потврди нови 841 заразени, со што бројката се искачи на 2.200. Земјата ги затвори училиштата.

Во Србија утрово се потврдени нови седум случаи, со што бројката сега изнесува 55.