Чавушоглу: На почетокот на февруари можна средба на ниво на министри за надворешни работи на Турција, Русија и Сирија

6

Министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Сирија можно е да остварат средба на почетокот на февруари, соопшти денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, без да наведе конкретна временска рамка, јави агенцијата Анадолија.

– Сè уште нема конкретен датум, но ќе ја одржиме оваа трилатерална средба што е можно поскоро. Можеби на почетокот на февруари, изјави Чавушоглу за време на неговата посета на Руанда.

На 28 декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Турција, Русија и Сирија се состанаа во Москва на разговори. На средбата, највисоките претставници на одбраната се согласија да продолжат трилатералните состаноци за обезбедување стабилност во Сирија и поширокиот регион.